19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМакедонија доби покана за пристапување кон конвенцијата за заедничка транзитна постaпка

Македонија доби покана за пристапување кон конвенцијата за заедничка транзитна постaпка

carina 222222

Генералниот секретаријат на Советот на Европските заедници, како депозитар на Конвенцијата за заедничка транзитна постапка и Конвенцијата за поедноставување на формалностите при трговија со стока, по претходна одлука на Мешовитата комисија, до Мисијата на Македонија во Европската Унија, испрати покани за пристапување на Македонија кон овие конвенции.

„Добивањето на поканите од Генералниот секретаријат на Советот на Европските Заедници е единствен начин за пристапување кон споменатите конвенции. Истите следат по успешно спроведената оценска мисија од страна на Мешовитата комисија, во рамките на која позитивно беше оценета подготвеноста на Република Македонија за пристапување кон конвенциите од аспект на степенот на усогласеност на националното царинско законодавство во делот на транзит и обрасците и начинот на пополнување на Единствениот царински документ (ЕЦД), усогласеноста на националниот нов комјутеризиран транзитен систем (НКТС) со барањата на Конвенцијата за заедничка транзитна постапка, обученоста на царинските работници, економските оператори и другите учесници во заедничката транзитна постапка и соодветна организациона поставеност на Царинската управа согласно барањата на заедничката транзитна постапка“, соопштуваат од Царинската управа.

Пристапувањето на Република Македонија кон споменатите конвенцииофицијално треба да се случи на 1-ви јули 2015-та година.

Заедничката транзитна постапка на економските оператори ќе им овозможи полесно и побрзо движење на стоката, поедноставување на царинските формалности преку електронска обработка на податоци при спроведување на истите и намалување на трошоците на постапката со овозможување на користење на електронски транзитни декларации и спроведување на транзитната постапка со единствен транзитен документ и единствена транзитна гаранција од било кое место на поаѓање до било кое одредиште во рамките на договорните страни на конвенциите.

На Царинската управа на Република Македонија заедничката транзитна постапка ќе и овозможи зголемување на ефикасноста и ефективноста на транзитната постапка, унапредување на системите за превенција и откривање на измами, како и зголемување на безбедноста при спроведување на транзитните операции.

На Република Македонија во целина, спроведувањето на заедничката транзитна постапка ќе и овозможи исполнување на еден од условите за пристапување кон Европската Унија и ќе ја доближи на чекор од Царинската унија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП