2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНови рекорди на индексите на Волстрит

Нови рекорди на индексите на Волстрит

rast-volstrit

Берзанските индекси S&P 500 и Dow Jones достигнаа нови рекордни нивоа бидејќи инвеститорите се надеваат дека поради слабоста на економијата американски Фед нема оваа година да ги зголеми клучните каматни стапки.

S&P 500 зајакна 0,30 отсто, на 2.129 поени, ново највисоко ниво во историјата, додека Dow Jones порасна за 0,14 отсто, на 18.298 поени, што е исто така рекордно ниво. Индексот Nasdaq зајакна 0,60 отсто, на 5.078 поени.

Растот на цените трет ден по ред се должи на надежите на инвеститорите дека американската централна банка нема во скоро време да ги менува каматите бидејќи економијата не е во најдобра кондиција.

И вчера објавените резултати за расположението во градежниот сектор не најавуваат значително забрзување на растот на активностите, откако американскиот БДП во првиот квартал стагнираше. Тоа само значи дека Фед нема причина за зголемување на каматите.

„На берзите преовладува тезата дека Фед може да чека, со оглед дека растот на економијата не е импресивен“, вели Курт Брунер, портфолио менаџер во фондот Swarthmore Group.

Претседателот на Фед во Чикаго, Фред Еванс вчера рече дека според негово мислење каматите треба да почнат да растат во наредната година, но предупреди дека Фед веќе во јуни би можел да ја зголеми цената на парите.

Меѓу најголемите добитници вчера беше акцијата на Apple, со раст од 1,1 отсто. Со оглед дека акцијата на најголемата светска компанија според пазарна вредност има голема тежина врз сите три индекси, растот на цената на Apple исто така е заслужен за рекордните нивоа на Dow Jones и S&P 500.

По вчерашниот раст, Dow Jones од почетокот на годината е во плус 2,7 отсто, додека S&P 500 порасна 3,4 отсто, а Nasdaq 7,2 отсто.

И покрај новите рекордни нивоа, на берзите владее внимателност на што укажува скромниот обем на тргување.

И на европските берзи цените на акциите вчера пораснаа. Лондонски FTSE зајакна 0,12 отсто, франкфуртски DAX беше во плус 1,29 отсто, а париски CAC 0,37 отсто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП