22 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВаруфакис: Договор во наредните седум дена, еврото останува

Варуфакис: Договор во наредните седум дена, еврото останува

janis-varufakis-kis

Грчкиот министер за финансии Јанис Варуфакис изјави дека очекува договор со меѓународните доверители во наредните седум дена.

Варуфакис во изјавата за „Star TV“ изјави дека е „блиску до договорот со доверителите“, отфрлајќи ја можноста Грција да ја напушти еврозоната.

„Друга валута не е нашиот радар“, изјави Варуфакис, пренеусва Би-Би-Си.

Кредиторите сакаат Грција да се солгаси со серијата економски реформи пред да и ја испратат и последната транша од заемот од 7,2 милијарди долари.

Новата левичарска влада предложува мерки кои можат да ги заштитат грчките граѓани, кои се погодени од шестогодишната економска рецесија, но кредиторите сметаат дека тој план е нејасен.

Отворените прашања за кои и понатака се преговара се реформите во пензискиот систем, дерегулацијата на пазарот на труд и повторното вработување на 4.000 работници во јавниот сектор

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП