29 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИRenault има желба да стане повеќе конкурентен

Renault има желба да стане повеќе конкурентен

reno2

Генералниот директор на француската компанија за производство на автомобили „Renault“, Карлос Госн и претставниците од трите најголеми синдикати вчера го потпишаа договорот со кој се предвидува отпуштање на 7,500 работници и зголемување на работното време, пренесуваат странските медиуми.

Договорот бил потпишан и во присуство на новинарите.

„Renault“ и трите најголеми синдикални организации потпишаа избалансиран договор“, изјави директорот на компанијата.

Тој додаде дека на тој начин компанијата повторно ќе стане конкурентна во Франција.

Договорот предвидува зголемување на рабoтното време за 6,5 проценти, замрзнување на платите во оваа година и отпуштање на 7,500 работници до 2016 година.

Овие мерки би требало да донесат заштеда, која на годишно ниво ќе изнесува 500 милиони евра.

Оваа фабрика минатата година на глобално ниво испорача 6,3 проценти помалку авомобили, а во Европа забележа пад на продажбата од 19 проценти.

Минатата година компанијата произведе вкупно 530,000 автомобили.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП