29 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРусија инвестира во светот како никогаш досега

Русија инвестира во светот како никогаш досега

русија-инвестиции

Русија го дели со Франција шестото место според обемот на инвестиции во странство во 2014 година, објави Фајненшл Тајмс.

И покрај заострувањето на санкциите и покрај кризата во Украина, руските компании минатата година инвестирале 56 милијарди долари надвор од земјата, исто колку и Франција, објави сајтот, кој се повика на документ од Конференцијата на Обединетите нации за трговија и развој.

Пред нив се САД, Хонг Конх (податоците се наведени одвоено од Кина), Кина, Јапонија и Германија, пренесува ТАС.

Во документот, кој ќе биде објавен подоцна, се наведува, исто така, дека вкупниот обем на инвестиции на земјите во транзиција во 2014 година е зголемен за речиси една третина во однос на претходната година, на 484 милијарди долари.

Тој показател укажува на една од клучните тенденции која се појавува во глобалната економија. Додека претходно нивната цел беше привлекување на средствата на мултинационалните компании, кои беа подготвени да инвестираат средства во нив и имаат корист од нивниот брз раст, земјите со економии во транзиција сега стануваат конкуренти на САД и Европа како извор на инвестиции, нагласува британскиот весник.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП