2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПо Deutsche Post AG, нов штрајк на Deutsche Bahn

По Deutsche Post AG, нов штрајк на Deutsche Bahn

wir striken

Германскиот синдикат на машиновозачите „GDL“ организира нов штрајк во германскиот железнички оператор „Deutsche Bahn“ од денес, а засега неговото времетраењето не е познато.

Синдикални претставници, сепак посочуваат дека штрајкот ќе биде подолг од претходните и најверојатно ќе ги вклучува и викендите.

Возачите ќе прекинат со работа по деветти пат во речиси една година, како дел од подолг спор меѓу синдикатот и државната железничка компанија за работните услови. Особено синдикатот инсистира на 5-процентно зголемување на платите и намалување на работната недела од 39 часа на 37 часа. Освен тоа синдикатот сака и да преговара во име на други железнички вработени, како кондуктерите.

Новиот штрајк ќе започне во 15:00 часот кај товарниот сообраќај и на 2 часа по полноќ кај патничките возови. „GDL“ се обврза да соопшти кога ќе биде крај на протестот најмалку 48 часа пред тоа.

„Тоа не е неограничен штрајк“, појасни директорот на „GDL“ Клаус Весли. Протестот сепак ќе трае малку повеќе од последниот кој траеше шест дена.

Шестдневниот штрајк одржан претходно овој месец, беше најдолгиот во 21-годишната историја на „Deutsche Bahn AG“. Тој влијаеше на милиони патници и предизвика огромна штета за економијата. Штетите од последниот железнички штрајк може да достигне до 750 милиони евра, предвидуваше тогаш економскиот експерт Штефан Кипар од „BayernLB“. Како резултат на тоа, стапката на раст на бруто домашниот производ на Германија во вториот квартал може да биде помал за околу 0,1 процентни поени од досега предвидените, смета Кипар.

Во меѓувреме штрајк во понеделникот започна и во германската поштенска компанија „Deutsche Post AG“. Повикани да се вклучат во протестот се курири на писма и пакети. Дел од фиксната обработка на пратки исто така е засегната, изјави синдикатот „Verdi“, цитиран од Ројтерс.

„Вработените се сериозни. Тие очекуваат нивниот работодавец конечно да обезбеди разумен предлог“, вели заменик-претседателот на „Verdi“, Андреа Кочис.

Штрајкот е против плановите на работодавачот да ги прошири услугите за снабдување на пакети со користење на персонал со пониски плати. Според „Verdi“ тоа е кршење на претходно склучените договори и инсистира на „компензација“, која вклучува намалување на седмичното работно време од 38,5 на 36 часа за околу 140.000 вработени на договор за вработување. Освен тоа синдикатот инсистира на зголемување од 5,5 отсто на платите во рок од 12 месеци.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП