8 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНапредувањето на IS во Ирак ја поскапе нафтата

Напредувањето на IS во Ирак ја поскапе нафтата

naftaaaaa5454

Цената на нафтата порасна денес на светските берзи откако паравоените формации на Исламската држава (IS) објавија дека ја презеле контролата над ирачкиот град Рамади, значаен за снабдувањето со нафта.

На лондонската берза цената на барелот порасна 37 центи во однос на претходното затворање, на 67,18 долари, а на американската берза со барелот се тргува по 48 центи повисока цена, од 60,17 долари.

„Градот Рамади претставува стратешка победа на самонарачената Исламска држава (IS). Фактот дека IS една година по воздушните напади на коалицијата и натаму спроведува големи воени операции ја потврдува оценката дека Ирак ќе остане нестабилен уште долго време“, констатира Ричард Малинсон од лондонски Energy Aspects.

„Краткорочно гледано, ризиците за снабдувањето сепак се чинат посериозни отколку што беа досега. Пазарот и натаму е прекумерно снабден, а доколку цената во САД продолжи да расте повторно ќе се зголеми и бројот на активни ископини, што пак би го забавил процесот на врамнотежување“, додава Малинсон.

Советодавната компанија Baker Hughes извести во петокот за пад на бројот на ископини на копно 23. недела по ред, но темпото на падот забави во изминатите недели, сугерирајќи дека периодот на намалувањето на активностите ископини можеби се ближи при крај со оглед дека цената закрепнува по 60-отстотниот пад во периодот од јуни до март.

„Активноститие на ископините се повеќе од преполовени од почетокот на годината, спуштајќи се на најниско ниво од август 2010 година, но овој факт сѐ уште не рефлектира со конкретни податоци“, наведуваат аналитичарите на Commerzbank.

„Гледаме значаен потенцијал за корекција на цената чиј раст досега беше поттикнуван од очекувањата за намалување на снабдувањето во САД“, додаваат аналитичарите.

Намалување во снабдувањето не за надѕира ниту на страната на OPEC. Иранскиот претставник во OPEC Рокнедин Џавади за Reuters изјави дека не очекува промена на производната политика на редовниот состанок на картелот во јуни.

Додаде дека во Иран се надеваат дека извозот на нафта ќе го достигне нивото од пред воведувањето на санкциите од 2,5 милиони барели дневно, три месеци по постигнување на конениот договор за иранската нуклеарна програма.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП