17 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗToyota ќе го лансира мини-GT86 (фото)

Toyota ќе го лансира мини-GT86 (фото)

gt86

„Toyota“ развива ново мало купе кое ќе го заземе место под моделот „GT86“ во палета на брендот. Ова го пишува весникот „Motoring“, кој се повикува на свои извори во раководството на јапонскиот производител.

Проектот за подготовка на машината засега го носи името „69DZ“. При појавувањето на пазарот, возилото со две врати ќе добие 1,5-литарски бензински мотор со 4 цилиндри. Моќноста на моторот е 130 КС, а тој ќе се нуди, како со 6-брзински мануелен менувач, така и со автомат со ист број на брзини.

Тежината на каросеријата ќе биде околу 980 килограми. Моделот ќе добие тркалезни главни светла и голема решетка на ладилникот. Автомобилот ќе биде со 4 места, а од „Toyota“ гарантираат дека на задните седишта ќе можат да се распоредат 2 деца.

gt863

Според информациите веќе е подготвен прототип на каросеријата, што претставува современа интерпретација на моделот „Sports 800“ од 1965-та година. Новиот модел има позајмено голем број на елементи од специјалната верзија „GT86 – Style Cb“ (на сликите). Таа беше пуштена на јапонскиот пазар минатата година, а беше насочена кон женската публика.

Во „Toyota“ се амбициозни и сакаат автомобилот да нуди одлична управливост, па за таа цел го имаат најмено четирикратниот светски рели-шампион, Томи Макинен. Финскиот пилот лично се ангажирал со поставките на возилото, кое треба да се појави на пазарот во 2018-та година. Почетната цена на овој модел се очекува ќе биде околу 20.000 долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП