21 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПиво старо 200 години ќе се врати во производство

Пиво старо 200 години ќе се врати во производство

old1

Едно од најстарите пива во светот, кое е пронајдено во остатоците од еден потонат брод пред финскиот брег, ќе биде обновено и наскоро ќе се појави на пазарот.

Во близина на финскиот остров Аланд во остатоците од потонат брод е пронајден сад со пиво и шампањ. Се верува дека шишињата се стари околу 200 години.

Научниците од Техничкиот институт во Финска детално го анализираа пронајденото пиво со цел да дојдат до оргиналниот рецепт, а пиварата „Stallhagen“ одлучи во потполност да го обнови овој производ.

Научниците потврдија дека пивото содржело разни состојки, како ружа, бадем и каранфил.

Условите за зачувување на пијалакот биле одлични, ниски температури и темнината на 50 метри во длабочината на Балтичкото море.

Првите шишиња од „старото“ пиво би требало да се појават на пазарот во средината на наредната година.

Јан Венстроем, директорот на пиварата „Stallhagen“, смета дека ова пиво ќе биде успешен производ.

„Во целиот свет расте побарувачката за посебните видови на пиво, ние веруваме дека оние кои конзумираат пиво ќе бидат многу заинтересирани за овој производ“, изјави Венстроем.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП