26 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДе Гиндос очекува договор со Атина

Де Гиндос очекува договор со Атина

luis-de-guindos

Шпанскиот министер за економија Луис де Гиндос изјави дека е уверен дека во наредните денови ќе биде постигнат финансиски договор со Грција, што Атина ќе ја врати на вистинскиот пат.

Говорејќи денес на деловниот појадок, Луис де Гиндос изјави дека Грција има малку време на располагање и дека договорот со доверителите е императив имајќи ги на ум финансиските проблеми на оваа земја.

Де Гиндос изјави дека Грција мора да изнесе комплетна и широка листа со реформи, со цел постигнување договор и враќање на државата во економски раст.

Тој додаде дека не е запознаен со ниту еден вонреден план доколку не се постигне договор.

Грција се обидува да постигне договор со доверителите од еврозоната, што ќе и овозможи „ослободување“ на последната транша помош и избегнување на банкрот, пренесува АП.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП