2 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗJeep ќе подготви конкурент на Range Rover

Jeep ќе подготви конкурент на Range Rover

jeep rr 33

Шефот на концернот „Fiat-Chrysler“, Серџо Маркионе отворено најави амбиции за производство на луксузен теренец, кој ќе може да се натпреварува со „Range Rover“ и „Mercedes-Benz GL“.

„Кога ќе видам како по улиците се движи „Range Rover“, веднаш се вознемирувам бидејќи сметам дека и ние можеме да направиме сличен автомобил. И бидете сигурни, ние ќе го направиме“, изјави Маркионе за агенцијата „Bloomberg“.

Топ менаџерот додаде дека новиот теренец ќе се нуди под брендот „Jeep“, а ќе биде лоциран на едно скалило над моделот „Grand Wagoneer“, кој треба да се појави на пазарот во 2018-та година.

Цените на идниот „SUV“ ќе стартуваат од 100.000 американски долари, што го прави конкурент на модели како „Range Rover“, „Audi Q7“, „Mercedes-Benz GL“, „Cadillac Escalade“, „Lincoln Navigator“ и други.

 

Маркионе додаде дека намерно држел во тајност развој на слична машина, за да не открива сите карти на концернот. Според него, досега Jeep немал ресурси да направи сличен автомобил, иако на некои пазари брендот ужива поголем авторитет од оној на некои од конкурентите во оваа класа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП