17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВнимателност на азиските берзи, доларот стагнира

Внимателност на азиските берзи, доларот стагнира

CORRECTION South Korea Markets

На азиските берзи денес се тргува внимателно, а доларот кон кошничката валути се движи на најниско ниво за четири месеци, бидејќи инвеститорите се прашуваат дали американската економија воопшто расте.

На Токијската берза индексот Nikkei во 7,30 часот беше во плус 0,6 отсто, додека цените на акциите во Јужна Кореја и во Шангај стагнираат.

Берзанските индекси во Сингапур, Австралија и Хонг Конг паднаа, пак, помеѓу 0,1 и 0,8 отсто, па индексот MSCI, на јапонско-пацифичките акции, без јапонските, беше во минус 0,4 отсто.

Иако во петокот на Волстрит S&P 500 индексот достигна ново рекордно ниво, на азиските берзи се тргува внимателно бидејќи показателите од американската економија не влеваат доверба.

Во петокот беше објавено дека индустриското производство во САД во април неочекувано падна петти месец по ред, додека на поетокот на мај довербата на потрошувачите падна на најниско ниво за седум месеци.

Овие податоци заедно со низа други показатели, го отворија прашањето дали закрепнува американската економија по анемичниот 0,2 отстотен раст во првото тромесечје. Некои дури се прашуваат дали воопшто пораснало во тие три месеци.

„Втората проценка веројатно ќе покаже дека американската економија во првиот квартал всушност се намалила, може би за дури 0,9 отсто на годишно ниво“, вели Шуџи Широта, стратег во банката HSBC.

Како што многу инвеститорите очекуваа дека во текот на годината растот на најголемата светска економија ќе забрза, сигналите за слабостите загрижуваат, со оглед дека забавува и растот на кинеската, како и на некои други економии.

„Цените на акциите во САД, Европа, Кина и Јапонија од почетокот на годината растат, поради што е нужна потврда дека економската ситуација, а со тоа и делоните резултати на компаниите ќе се подобрат“, вели Јошиноро Шигеми, стратег во фондот JPMorgan Asset Management.

Поддршка на берзите им пружа само лабавата монетарна политика во најголемите светски економии и уверувањето на инвеститорите дека американски Фед пред крајот на годината нема да ги крене клучните каматни стапки.

Поради тоа, пак, на валутите пазари доларот е под притисок. Изутрината индексот на американската валута во однос на шесте светски валути се движи околу 93,43 поени, недалеку од најниското ниво од јануари.

Притоа цената на американската валута порасна од 119,25 јени, колку што изнесуваше во петокот, на 119,60 јени.

Доларот благо зајакна и кон еврото, па курсот на европската валута се движи околу 1,1430 долари, додека во петокот изнесуваше 1,1450 долари. Така што курсот на еврото и натаму се движи недалеку од највисокото ниво за последните три месеци.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП