27 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИЏек Ма инвестира во брокерската компанија Reorient

Џек Ма инвестира во брокерската компанија Reorient

jack ma 003

Петмина инвеститори, вклучувајќи го претседателот на „Alibaba“, Џек Ма, постигнаа договор да се здобијат со контролниот пакет акции на „Reorient Group“ на берзата во Хонг Конг. Ова се случува во позадината на зголемениот интерес во брокерските куќи во градот, пишува „MarketWatch“.

Компанијата на Ма, „Yunfeng Financial Holdings“ ќе купи удел од 56% од „Reorient“ за 2,7 милијарди хонгконгшки долари (247 милиони долари).

Инвестициска компанија „Reorient Group“ минатата недела објави дека продава 81% од својот основен капитал на „Yunfeng“ и на четворица други инвеститори. Ма поседува 40% од „Yunfeng“.

„Alibaba“ и „Reorient“ одбиваат да дадат коментар за конкретниот случај. Договорот на Ма доаѓа по неодамнешните купувања на технолошкиот претприемач. Претседателот на „Alibaba“ инвестира во продажбата на акции на Шангајскиот конгломерат „Fosun International“ и во „China Taiping Insurance Holdings“, со кои собраа вкупно 3 милијарди долари.

„Reorient“, чија пазарна капитализација е 4,1 милијарди хонгконгшки долари, обезбедува брокерски услуги.

Стекнување се случува во услови на растечкиот број на кинески компании кои се насочуваат кон таков тип на фирми во Хонгконг.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП