5 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИShell повторно затвора пумпи во Унгарија

Shell повторно затвора пумпи во Унгарија

A

По затворањето на 17 бензински пумпи во Унгарија, „Shell“ планира и оваа година да затвори уште 15 бензински пумпи, поради влошувањето на условите на пазарот и зајакнувањето на законодавството во овој сектор на економијата.

Инаку, 2012 година беше четвртата последователна година во која „Shell“ бележи загуба во Унгарија. Балаш Ерењи, претседател на управниот одбор на „Shell“ во Унгарија, изјави дека пазарот на гас и дизел е намален за една четвртина во споредба со нивоата пред кризата, поради тоa оваа компанија беше принудена да ги затврои своите безнински пумпи и да отпушти повеќе од 1.000 вработени за пет години.

Освен што се затворени 17 пумпи, голем дел од оние кои се останати нема повеќе да работат ноќно време, што исто така ќе доведе до нови отпуштања на вработени. Ерењи вели дека не се размислува сериозно да се напушти унгарскиот пазар, но компанијата се прашува до кога ваквиот модел на работење ќе биде одржлив.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП