26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИХонда повлекува 250.000 возила

Хонда повлекува 250.000 возила

2008 Honda Accord at the Marysville Auto Plant

Јапонскиот произведувач на автомобили Хонда одлучи да повлече околу 250.000 возила во целиот свет, а причина за тоа се проблемите со сопирачките кои се активираат неочекувано.

За среќа досега не се забележани несреќни случаи поради ваквиот недостаток.

Хонда денеска соопшти дека ќе повлече скоро 183.000 автомобили во САД, меѓу кои се наоѓаат моделите на „Acura RL“, „Acura MDX“ и „Pilot“.

Повеќе од 56.000 возила од моделите „Odyssey“, „Legend“, „StepWgn“ и „Elysion“ веќе се повлечени во Јапонија. Скоро 8.000 примероци во Канада, додека 1.000 во Австралија, околу 300 во Мексико и 70 возила во Германија. Сите автомобили се произведени во периодот од март 2004-та до мај 2006-та година.

На ваквиот чекор од Хонда се одлучија по многубројните поплаки од корисниците кои пристигнаа на нивната адреса, по што беше одлучено тие делови да бидат заменети.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП