„ABT Sportsline“ повторно се ангажираше за дотерување на „Audi Q3“, и тоа со неговиот изглед и со засилување на моторот.
Ова последното подразбира засилување на 2.0-литарскиот „TDI“ дизел за 26KS и 40 Nm, од серискиот 184KS и 380 Nm на 210KS и 420 Nm вртежен момент.
Исто така, „ABT“ зa „Q3“ нуди и аеродинамички кит, повеќе комплети на различни алуминиумски тркала од 18 дo 21 инчи, спортски издувен систем со четири издувни цевки, модифицирана суспензија, како и нови елементи во внатрешноста.