4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИсториска инвестиција: Кинезите во Бразил инвестираат дури 50 милијарди долари

Историска инвестиција: Кинезите во Бразил инвестираат дури 50 милијарди долари

614211_li-keqiang01foto-ap_f

Ли Кечијанг, премиерот на Кина, ќе потпише идната недела во Бразил договор за кинески инвестиции од 50 милијарди долари.

Кинескиот претседател Си Џинпинг најави во јануари дека таа држава во следните десет години ќе инвестира 250 милијарди долари во Јужна Америка. Од посетата на Кечијанг на Бразил, во чиј тек ќе биде потпишан банкарскиот договор нa двете држави, се гледа дека тој амбициозен план на Пекинг започнува да се остварува.

Кинезите сакаат да изградат железничка пруга од брегот на Атлантскиот Океан до перуанскиот брег на Пацификот за да се намалат трошоците за доставување суровини од Јужна Америка. Покрај тоа во план е и инвестирање со бразилската држава во заедничко производство на челик. Би-би-Си наведува дека Бразил моментно најголемиот дел од железото го извезува токму во Кина.

„Ќе мора да почекаме до крај на посетата да видиме кои се проекти ќе бидат договорени, вели Жозе Граса Лима, бразилски државен потсекретар задолжен за Азија и Океанија.

Покрај огромниот трансконтинентален железнички проект, кинеските пари во Бразил би требало да бидат инвестирани и во производство на автомобилски делови, енергетика, пристаништа, хидроенергија…

Бразилската економија која беше една од најбрзо растечките во светот во изминатите пет години стагнира. Јавноста во оваа држава е вознемирена од корупцискиот скандал во државниот нафтен гигант „Petrobras“ во кој се вплеткани и високи државни функционери. Кинескиот премиер покрај Бразил, ќе ги посети и Колумбија, Перу и Чиле.

Бразил е една од 20-те држави вон Азија што ќе учествуваат во основањето на Азиска инфраструктурна инвестициска банка која ќе ја води Кина и која САД ја сметаат за закана за ММФ и Светската банка. Оваа банка, со седиште во Пекинг треба да почне со работа на крајот на годината, а засега има 57 основачи. Израел е последната држава која се приклучи во друштвото во кое се Франција, Германија, Италија, Шведска, Швајцарија, Јужна Африка и други.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП