28 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИНовата услуга на Walmart директна закана за Amazon

Новата услуга на Walmart директна закана за Amazon

635671412059053362-AP-WAL-MART-SHIPPING-SERVICE-73013262

Најголемата светска дистрибутивна мрежа „Walmart“ ова лето ќе ја тестира својата нова услуга за неограничена испорака на стока која чини 50 долари годишно, со што ќе ја загрози „Prime“, понудата на големиот конкурент „Амазон“, која чини двојно повеќе (99 долари).

Услугата ќе биде достапна само за купување на електронската платформа „Walmart.com“, изјави за АПФ портпаролот на оваа компанија.

Американскиот гигант ветува дека ќе им ја испорачува стоката на своите клиенти за максимум три дена.

Повеќе од милион производи, од бела техника до електроника, текстил, играчки и други нешта можат да се нарачаат и да бидат испорачани, објави францускиот весник Фигаро на својата веб страна.

Иако услугата „Prime“ на „Amazon“ чини двојно повеќе од понудата на „Walmart“, таа нуди и услуги како што е бесплатното гледaње на видео содржини на „Amazon Instant Video“ или директно слушање на музички содржини.
„Walmart“, сепак, не ј исклучува можноста за проширување на својата понуда на видео содржини.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП