4 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПотроши повеќе од една милијарда, што е за него „стотка“!

Потроши повеќе од една милијарда, што е за него „стотка“!

perez 9

Флорентино Перез на чело на Реал во двата мандати освои 14 трофеи. Потроши голема сума на пари, а оваа сезона остана со празни раце. Дали империјата ќе го возврати ударот?

Каталонците не ја пропуштија можноста да го „пецнат“ Перез, затоа што секој трофеј го платил точно 84 милиони, според пресметка. Во своите два мандати како претседател на Реал, тој за трансфери потрошил 1.2 милијарди евра.

Ги рушеше светските рекорди според висината на трансферите со Зидан, Роналдо и Бејл, доведуваше „Галактикоси“, но неговиот прв мандат заврши со солзи, по Глазгов и волејот на Зидан, тој не освои ништо. Враќањето во 2009-та го одбележа со нови трансфери, куп и титула со Мурињо во три сезони и „Децима“ во дебито на Анчелоти.

Но, оваа година е пропаст, Реал најверојатно ќе остане со празни раце, на Барса и е потребна една победа во последните две среби, па јасно е дека Каталонците нема да ја пропуштат оваа можност.

Интересно е дека во времето на Перез, Барса има два трофеи повеќе од Реал, и шанса да оди на плус пет, ако ја освои тројната круна, која е многу веројатна.

Сепак, Перез нема да се предаде, сигурно е дека Реал ќе купува за следната сезона, се зборува дека без евентуална продажба на Бејл, ќе бидат вложени нови 100 милиони евра. Реал сака свежа „крв“ во средината, Верати или Погба се желбите, а покрај тоа, на Дортмунд му се понудени пари и Хесе за Ројс.

Тоа сигурно нема да биде се, желба е и Де Геа, како и еден напаѓач од светски калибар, па поради тоа секој скап голгетер ова лето ќе биде поврзуван со „кралевите“.

Нормално, едно засилување веќе пристигна, десниот бек на Порто и репрезентативец на Бразил, Данило, кој дојде во Мадрид.

Но кој ќе си замине?

Кедира е пред заминување, а веројатно и Коентрао. Чичарито нема да биде откупен, а можно е клубот да го напуштат Илараменди и Лукас кои би заминале како позајмени играчи.

Останува да се види ситуацијата околу Бејл, понуда која ќе го собори светскиот рекорд на Перез би можела да биде доволна Велшанецот да си замине од Реал. И тие пари ќе бидат потрошени на засилувања, па секако неуспехот на Реал ќе предизвика потреси на пазарот!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП