10 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАФранција: Просечна плата од 2.410 евра

Франција: Просечна плата од 2.410 евра

francija1

И покрај загубата на 99,500 работни места во Франција во 2012 година, просечната месечна заработувачка пораснала за 2,1 проценти и достигнала бруто износ од 2,410 евра.

Вкупно, платниот фонд во Франција тежи 129,1 милијарди евра, според податоците на францускиот Завод за социјално осигурување.

Просечната заработка се пресметува според кумулативните вредности исплатени во бруто заработувачка во секое тромесечие, пишува францускиот весник „Паријзен“.

Меѓутоа, во четвртиот квартал од минатата година, износот на просечната заработувачка беше нешто помал во однос со претходните три квартали. Во последното тромесечие, зголемувањето од 0,6 проценти е забележано во индустријата и градежништвото, така што просечната бруто заработувачка во овие два сектори била 2,818 и 2,081 евра.

Меѓутоа, не треба да ги мешаме категориите на просечна и средна заработувачка, предупредува весникот. Износот на месечната бруто средна заработувачка во Франција во 2012 година изнесуваше 1,675 евра, што значи дека 50 проценти од Французите заработувале повеќе, а 50 проценти помалку во однос на овој износ.

Според една студија на францускиот Завод за статистика „INSEE“, 10 проценти од најмалку платените Французи месечно заработувале 1,142 евра (нето износ), додека 10 проценти од нив имаат плата поголема од 3,317 евра, а еден процент од граѓаните месечно заработуваат повеќе од 7,654 евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП