3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦените во САД повторно опаѓаат

Цените во САД повторно опаѓаат

pad-ekonomski-pad

Производните цени во САД во април ја потврдија тенденцијата на опаѓање, така што соодветниот индекс е намален за 0,4 проценти во однос на претходниот месец.

Тоа е трет месечен пад на овој индекс од почетокот на годината.

Според официјалната статистика, во март производните цени биле во пораст 0,2 проценти, пренесува Ројтерс.

Во однос на минатогодишниот април, цените на производителите во САД се намалени за 1,3 проценти, што е најголемиот пад започнувајќи од 2010 година.

Цените на енергијата во април на месечно ниво се намалени за 2,9 проценти, по растот од 1,5 проценти во март, додека цените на храната се во опаѓање веќе петти месец по ред.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП