7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦената на нафтата под 67 долари, во фокусот повторно прекумерното снабдување

Цената на нафтата под 67 долари, во фокусот повторно прекумерното снабдување

nafta bareli2

Цената на сировата нафта се стабилизираше денеска на светските берзи под ниво од 67 долари, со оглед дека во фокусот на вниманието повторно беше прекумерното снабдување.

На лондонската берза цената барел за испорака во јули остана непроменета во однос на претходното затворање на 66,70 долари. На американската берза со барелот се тргува по 25 центи пониска цена, од 59, 63 долари.

Во фокусот и натаму е прекумерното снабдување. Голем број на големи производители во рамки на OPEC според проценките на влијателни советодавни тела, црпат најмалку два милиони барели дневно повеќе од што е потребно и ги пополнуваат залихите од Европа до Кина.

„Снабдувањето моментно ја надминува побарувачката за над два милиони барели дневно-речиси три милиони. Тоа мора да ги притисне пазарите“, истакнува Еуген Вајнберг од франкфуртски Commerzbank.

Иако побарувачката за горива веројатно ќе закрепне во втората половина од годината, прекумерното снабдување моментно е толку големо што не постои можност во оваа година да има недостиг од нафта, под услов да не дојде до некое позначително нарушување во снабдувањето.

Американскиот пазар постепено се врамнотежува, но на другите подрачја производството и натаму значително ја надминува потрошувачката.

Инвеститорите и натаму ја игнорираат зголемената напнатост на Блискиот исток, откако во четвртокот во Персискиот залив од ирански бродови беше пукано врз танкери под сингапурско знаме.

Американскиот претседател Барак Обама истиот ден вети поддршка за сојузниците во Персијскиот залив во случај да бидат нападнати од надвор, напоменувајќи дека во случај на такви закани САД би ја разгледале можноста за употреба на воена сила.

Одделно OPEC денеска на својата интернет страница објави дека цената на барел референтна кошничка негова нафта во четвртокот изнесувала 63,13 долари, што значи дека била 64 центи пониска во споредба со претходниот ден.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП