4 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИФолксваген отвара десет нови фабрики

Фолксваген отвара десет нови фабрики

austadt-vw

Компанијата Фолксваген планира да отвори десет нови фабрики, од кои седум ќе бидат во Кина. По големиот нето-профит во минатата година, автомобилскиот концерн има план за проширување на своите активности, од кој се очекува и раст на оперативната добивка.

„Во наредните години ќе изградиме најмалку 10 нови фабрики. Според нашиот план седум од нив треба да бидат во Кина“, објави извршниот директор на компанијата, Мартин Винтеркорн.

Се очекува по 2016-та година Фолксваген да пушта на пазарот по 300 илјади автомобили годишно од планираните фабрики во Кина и со тоа да имаат корист од најбрзо растечкиот пазар на автомобили на планетата.

Винтеркорн е уверен во светлата иднина на компанијата и прогнозира раст на оперативната добивка во 2014-та година. За 2012-та година Фолксваген оствари рекорден нето-профит од 21.7 милијарди евра, што е зголемување од околу 41 процент во однос на претходната година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП