23 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОтворен повик за претприемачи и компании во бизнис комплексот КоСид

Отворен повик за претприемачи и компании во бизнис комплексот КоСид

cocid

Македонските компании од почетокот на мај добија можност да станат дел од семејството на КоСид и да го развијат својот бизнис во вистински иновативен и претприемачки амбиент.

Новиот бизнис комплекс КоСид го објави повикот за станари и започна со регрутирање на компаниите кои се заинтересирани да станат дел од оваа заедница.

Бизнис комплексот КоСид претставува нов, целосен екосистем за бизнис и претприемништво во Република Македонија. КоСид е дизајниран да ја поттикне, едуцира и да ја подобри деловната продуктивност и развојот на компаниите како на локално така и на регионално ниво. Oвој центар претставува и платформа за креирање и промовирање на нови работни места како и за иновативна и истражувачка, социјална и економска одржливост на истите.

КоСид е креиран од претприемачи за претприемачи и ќе понуди услуги за сите компании, без разлика на нивната развојна фаза. Од почетници со иновативни идеи до етаблирани претприемачи, од искусни претприемачи (тие кои се обиделе, но не успеале) до брзорастечки компании; од виртуелни бизниси до мултинационални корпорации, сите ќе можат да го најдат вистинскиот “простор” и поддршка за да напредуваат и да бидат успешни.

Бизнис комплексот работи со резидентни и виртуелни станари на кои им нуди можност за користење на заедничките простории и опрема, капацитети за истражување и развој, директна деловна помош, менторство, вмрежување, пристап до финансии и поврзување со нови пазари.

Покрај деловниот простор по пристапни цени, на своите станари КоСид ќе им обезбеди и широка палета на деловни услуги и сервиси, во зависност од карактеристиките на компанијата и територијата, на која што истата работи.

Сервисните услуги и програми на КоСид се дизајнирани да ја зголемат продуктивноста и успехот на компаниите станари, и да ги издигнат на ниво, до кое тешко би стигнале доколку работат самостојно. Широката палета на услуги со „додадена вредност” е пресудниот фактор кој ќе му помогне на КоСид успешно да ги лансира „дипломираните компании” во реалниот деловен свет и да им овозможи тие да и возвратат на заедницата со напредок на економијата и креирање на нови работни места.

„Ги покануваме сите заинтересирани компании кои сакаат да станат дел од нашата заедница, да ја пополнат формат за апликација, која ќе ни овозможи да го разбереме вашиот потенцијал и рамките на вашето деловно работење. За повеќе информации во врска со програмата на бизнис комплексот јавете се на + 389 (0) 72 752 460 или пишете ни на нашата е-пошта [email protected]“, се вели во соопштението

КоСид е заедничка инвестиција на Seavus® и MADI Group® создадена со цел промовирање стимулирање и развој на претприемништво, поттикнување на иновации, развој на партнерства и подобрен пристап до финансиски средства.

Seavus® е компанија за развој на софтвер и консалтинг услуги со докажано искуство во успешни бизнис софтверски решенија. Компанијата брои преку 600 ИТ специјалисти ширум светот и нуди широк спектар на софтверски производи, решенија и услуги, успешно покривајќи го европскиот и американскиот пазар преку неколку канцеларии и претставништва во светот.

MADI Group®, чиј основач е Мади Шарма, e меѓународна групација на приватни компании, социјални претпријатија, како и меѓународна глобална мрежа на независни и непрофитни организации МАДИ Центри. Филозофијата на групацијата е креирање на иновативни идеи прилагодени за локални активности кои имаат глобално влијание и придонесуваат кон одржливо општество.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП