10 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКАФ моделот официјално во Општина Ѓорче Петров

КАФ моделот официјално во Општина Ѓорче Петров

kaf-model

Меморандум за соработка помеѓу Општина Ѓорче Петров и ОБСЕ беше потпишан во петок во културниот центар на оваа скопска општина.

Со потпишувањето на Меморандумот официјално се потврди дека општина Ѓорче Петров е избрана да биде дел од проектот за поддршка на државните институции во имплементација на КАФ моделот.

За обврските и активностите кои произлегуваат од овој проект беше одржана презентација од страна на претставници од Агенцијата за администрација и од ОБСЕ.

Според проектните цели предвидено е  спроведување на три компоненти за градење капацитети во општината:воведување на инструментот заедничка рамка за проценка во насока на имплементација на систем за управување со квалитет и испорака на поквалитетни услуги за граѓаните, промовирање на превентивна анти-корупциска политика во општината и градење на капацитети на членовите на Советот на општината во делот на децентрализација и планирање со учество на граѓаните.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП