Водата со краставица претставува исклучително вкусен и здрав, освежувачки напиток кој одлично се покажа во борбата со килограмите.
Ако сакаме да се чувствуваме добро и да бидеме здрави, особено е важно да внесуваме доста течности, но да бидеме искрени – обичната вода понекогаш умее да биде и досадна! Токму затоа често се случува да посакаме да се напиеме некој друг напиток, со поубав и покарактеристичен вкус.
Водата со краставица е здрава и ароматична замена за сите пијалоци кои инаку ги консумирате, а воедно е и одличен сојузник во борбата со вишокот на килограми.
Најефектен начин да ги стопите мастите е да го намалите внесот на калориите и да пиете вода со краставица, наместо вашиот омилен безалкохолен пијалок. Водата има нула калории, а една краставица помалку од 50, што значи дека кога ќе додадете исечена краставица во вода, додавате помалку калории отколку кога би пиеле газирана вода (150 калории) или сок од јаболки (113 калории).
Оваа освежувачка вода ќе го избалансира вашиот апетит. Кога сте дехидрирани, односно жедни, често чувствувате глад. Водата со краставица ќе го хидрира вашето тело што значи дека ќе се чувствувате сити до следниот оброк. Токму тоа ќе ви помогне да се ослободите од вишокот на килограми.
Покрај тоа, оваа вода има и позитивни дејства и на хидрираноста и тонираноста на кожата, затоа што краставицата е богата со силициум диоксид кој се користи во третманите за лечење на акни. Водата со краставица е богата со антиоксиданси и витамини, особено витамините А и Д.
Еве како да ја направите вашата вода со краставица:
Земете една вкусна и свежа краставица и добро измијте ја. Исечете ја на парчиња и додадете ги парчињата во сад со вода. Оставете ги да отстојат така неколку часа или преку ноќ. По желба, може да додадете и ливчиња нане, лимон или неколку јагоди.