
„ТАВ Македонија“ ги информира патниците дека од вторник, 19 мај, на аеродромот „Александар Велики“ ќе се воведе автоматизирано плаќање паркинг.


„ТАВ Македонија“ ги информира патниците дека од вторник, 19 мај, на аеродромот „Александар Велики“ ќе се воведе автоматизирано плаќање паркинг.
За оваа цел, компанијата постави три паркинг-машини, од кои две на самиот паркинг-простор и една паркинг-машина во терминалната зграда, во салата за пристигнувања.
„Автоматизираното плаќање паркинг го воведуваме со цел поедноставување на паркинг-услугите за патниците, како и модернизација на процесите на работење во рамки на компанијата“, велат од „ТАВ Македонија“, компанијата која оперира со македонските аеродроми.
Оттаму потенцираат дека цените на паркинг-услугите на скопскиот аеродром остануваат исти како и досега.
Во првите денови од воведувањето на услугата вработени на „ТАВ Македонија“ ќе стојат во близина на паркинг-машините, со цел доколку има потреба да им помагаат на патниците во процесот на плаќање.
Автоматизираното плаќање на „Александар Велики“ ќе може да се прави и во готово и со платежни картички, исклучиво во денари.