21 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрција покренува приватизација на пристанишето во Пиреа

Грција покренува приватизација на пристанишето во Пиреа

pris-gr

Владата во Атина покрена процес на приватизација на најголемото грчко пристаниште Пиреа, но овој пат нуди нешто помал удел, изјави неименуван извор за агенцијата Франс прес.

„Претходната конзервативна влада планираше да продаде 67-отстотен удел во пристаништето Пиреа, но новата влада ја нали понудата на 51 отсто. Информирани се потенцијалните инвеститори за измените во поглед на тенерот“, наведе изворот.

Според него, три компании биле заинтересирани за преземање на пристаништето во Пиреа. Станува збор за кинескиот конгломерат COCSO, холандската компанија APM и филипинската компанија Terminals International Container Terminal Services.

Актулената влада на премиерот Алексис Ципрас најнапред остро се противеше на плановите на претходната власт преку продажба на државен имот да прибере средства за разничаната економија. Но, набргу се најде под силен притисок на меѓународните кредитори да продолжи со процесот на приватизацијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП