17 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИEasyJet изненади во зимската сезона

EasyJet изненади во зимската сезона

easyJet.jpg.2277360

Британската нискобуџетна авиокомпанија „EasyJet“ во првата половина од деловната 2014-2015 година оствари профит, и покрај традицинално неповолниот сезонски ефект.

„EasyJet“, кој како и повеќето негови ривали, во зимските месеци бележеше загуби поради слабата побарувачка, во периодот октомври 2014- март 2015, оствати бруто профит од 7,0 милиони фунти (9,7 милиони евра), пренесува Ројтерс.

За истиот период компанијата очекуваше резултат меѓу минус 5,0 и 10 милиони фунти.

Овој авиопревозник прецизираше дека поволните ефекти на девизниот курс, ниските трошоци за гориво и успешната ски сезона биле главните фактори кои довеле до позитивен полугодишен резултат.

„EasyJet“ е во сосема добра позиција да ги зголеми приходите и профитот на ниво на цела деловна година“, изјави генералниот директор на компанијата, Каролин Макол.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП