22 април, 2025
ПочетнаКОМПАНИИGM инвестира 1милијарда долари во проширување на технолошкиот центар

GM инвестира 1милијарда долари во проширување на технолошкиот центар

General Motors

„General Motors Co.“ (GM) соопшти дека до 2018-та година ќе вложи 1 милијарда долари за реновирање и проширување на 60-годишниот огромен технолошки центар во Ворен, државата Мичиген, северно од Детроит, а притоа отворајќи 2.600 работни места, соопштува „Bloomberg“.

Проектот вклучува изградба на нови студија за дизајн и катна зграда за информатичка технологија. Некој од постојните капацитети за истражување и развој ќе бидат обновени, а енергетскиот центар, каде „GM“ ја развива технологијата за батерии, ќе добие дополнителни простори за тестирање.

„GM“ треба да се развива силно во области кои влијаат, како информативна забава и модерни мотори, за да се справи со регулациите и понудите на конкурентите. Сите големи автомобилски производители се повеќе додаваат софтвер и компјутерска моќ во своите автомобили, додека во исто време развиваат системи за поддршка на возачот, кои можат да доведат до автономно управување на возилата. „GM“ треба да инвестира и во електрични, хибриди и други системи, за да се намали загадувањето и потрошувачката на гориво.

„Ова е инвестиција во нашиот тим, кој работи во технолошкиот центар, е бидејќи таа ќе ја доведе компанијата до долгорочен раст, овозможувајќи нови нивоа на иновации и соработка на работните места“, рече Марк Рojс, извршен потпретседател во „GM“.

Инвестициите на „GM“ се во согласност со она колку што вреди да се изгради фабрика или да се развие автомобилска линија, но не ги надминуваат трошоците за изградба на објекти за производен развој и истражувачки центри, потребни за да бидат автомобилските производители поконкурентни.

„Toyota Motor Corp.“, најголемиот производител на автомобили во светот, вложи 1,2 милијарди долари за развојот на објекти во Аризона, Калифорнија и Мичиген и најави планови за уште речиси 200 милиони инвестиции, и тоа само за американските операции.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП