Берзанскиот индекс S&P 500 во четвртокот достигна ново рекордно ниво бидејќи спласна загриженоста на инвеститорите поради растот на каматните стапки, додека слабеењето на доларот позитивно влијаеше врз акциите нa американските мултинационални компании.
S&P 500 зајакна 1,08 отсто, на 2.121 поен, ново најниско ниво во историјата, додека Dow Jones се зголеми 191 поен или 1,06 отсто, на 18.252 поени, а Nasdaq беше во плус 1,39 отсто, на 5.050 поени.
Новото рекордно ниво на S&P 500 се должи на растот на цените на акциите во сите 10 сектори на индексот. Притоа најмногу за 1,7 отсто, зајакна технолошкиот сектор, поттикнат со скокот на цената на акцијата на Apple за 2,3 отсто.
Добрите макроекономски податоци, вклучително и оние за ниската инфлација и падот на невработеноста, укажуваат на раст на американската економија, но недоволен за да централната банка брза со зголемување на каматните стапки.
„Сметам дека шансите Фед да ги зголеми каматите во оваа година се 50 отсто, оттука се поставува прашањето зошто ние расправаме за оваа тема веќе две години? Ќе се насочиме на тоа дали економијата е во добра состојба, поради што има помалку отпор за раст на берзите“, вели Стив Голдман, директор во компанијата Goldman Management.
Во последните денови загрижуваше растот на приносите на државни обврзници, особено мариканските и германските, но стравувањата спласнаа по стабилизицијата на приносите.
Од друга страна, позитивно на берзата влијаеше намалениот курс на доларот, што поттикна раст на цените на акциите на американските мултинационални компании бидејќи на тој начин нивните производи стануваат ценовно конкурентни на светскиот пазар.