20 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОд идната година Данска го укинува готовинското плаќање

Од идната година Данска го укинува готовинското плаќање

creditcards333

Во Стокхолм можете на уличен продавач да му платите со кредитна картичка, во Копенхаген можете со паметен телефон да купите кратко еспресо, а ниту во Хелсинки нема потреба да понесете паричник кога одите во продавница за овошје и зеленчук, пишува „The Guardian“.

Скандинавија веќе подолго време е позната како регион во кој готовината е најмалку потребна, а Данска сега започна да размислува и за тоа да оди чекор понапред и да им овозможи на продавачите на мало во целост да го исфрлат готовинското плаќање.

Стопанската комора на Данска пропорача дека продавниците и службите добиваат можност да се откажат од готовинско плаќање. Тој предлог треба само да го одобри парламентот, но доколку добие „зелено светло“, продавачите од јануари 2016-та година ќе можат да одбиваат готовина.

„Го прифативме тоа што трговците веќе некое време ни го говорат. Употребата на готовина е скапа затоа што на вработените им треба време за работа со неа, но и претставува безбедносен ризик. Носењето на готовина Ве прави „мета“ на напад, па иако стапката на криминал во Данска е многу ниска, продавниците и вработените велат дека се загрижени поради тоа“, вели Софи Финдлинг Андерсон од Комората.

Засега ниту данските медиуми, а ниту потрошувачите и компаниите не се спротивставуваат на оваа иницијатива.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП