18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБДП на Бугарија тежок 8,76 млрд евра

БДП на Бугарија тежок 8,76 млрд евра

70699307155222bd9ee3f8746521803_extreme

Бугарија во првите три месеци оваа година оствари економски раст од 2,0 проценти во однос на истиот период минатата година и 0,9 проценти во однос на претходниот квартал.

Домашната потрошувачка во дадениот период пораснала за 0,6 проценти на годишно ниво, извозот пораснал за 9,1 проценти, а увозот за 4,9 проценти, додава бугарскиот Завод за статистика.

Бугарија во првиот квартал беше една од 15-те земји од 28-члената ЕУ која оствари раст на БДП. Во ЕУ и еврозоната во тој период е забележан раст од по 0,4 проценти.

Одделни податоци на Заводот покажаа дека во април инфлацијата изнесувала 0,7 проценти на месечно ниво, а 0,5 проценти на годишно ниво.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП