4 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗHennessey создаде пикап со 600 КС

Hennessey создаде пикап со 600 КС

he pikap

Ултимативнa верзија на пикапот „Ford F-150“ беше создадена од „Hennessey“. Името на моделот е „VelociRaptor 600“, а ја сугерира моќта која се крие под хаубата.

Преработениот модел, базиран на верзијата „F-150 FX4 4×4“, е опремен со познатиот 5,0-литарски „V8“ мотор на „Ford“. Агрегатот сепак е темелно изменет и е опремен со огромен турбо компресор. Благодарение на тоа моќност достигнува 600 КС при 6600 врт/мин.

Од „Hennessey“ се уште ги немаат откриено перформанси на својот модел, но тврдат дека тој е способен за забрзување од место до 100 км/час за помалку од 5 секунди.

he pikap1

Долгиот автомобил е опремен со 17-инчни тркала, а од „Hennessey“ поставиле пошироки лакови на кланиците. Со доплат се нудат „LED“ светла за покривот на моделот, преден и заден офроуд браник, пружини и амортизери „HPE“, уникатна жолта боја за каросеријата и друго.

„Hennessey VelociRaptor“ веќе се нуди на пазарот во САД. Цените почнуваат од 73.500 долари, а во сумата е вклучен и потребниот за доработка „Ford F-150 FX4 4×4“. Сите примероци се продаваат со 3-годишна гаранција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП