9 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДводневен Саем за деца и семејство во Скопје Сити Мол

Дводневен Саем за деца и семејство во Скопје Сити Мол

saem-siti

Саемот за деца и семејство започнува денес во Скопје Сити Мол.

Во рамки на дводневниот саем, предвидено е дружење и забава со Трајче Георгиев и Златните Славејчиња, омилените детски маскоти и живи рептили, разни спортски активности и забава за најмалите.

Ќе настапуваат училишни хорови и други секции од училиштата, покрај тоа Републичкиот Совет за Безбедност на Сообраќајот на Патиштата ќе реализира едукативни предавања за важноста на детските седишта во автомобилите, велосипедистите и пешаците.

Сите посетители имаат можност да учествуваат во играта на лојалност и да освојат патување за целото семејство во Дизниленд во Париз, телевизор, тaблети, велоспеди или други вредни подароци.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП