2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВработеноста во Австралија се зголемила седум пати повеќе од очекуваното

Вработеноста во Австралија се зголемила седум пати повеќе од очекуваното

avstralija1

Австралија во февруари создаде седум пати повеќе работни места од очекуваното, што претставува изненадувачки резултат. Благодарение на тоа, стапката на невработеност остана стабилна, а притисокот на централната банка да се намали каматната стапка се ублажи, пренесуваат странските медиуми.

Австралискиот Завод за статистика наведува дека минатиот месец се вработиле 71,000 лица, во споредба со прогнозите дека ќе се вработат само 10,000 луѓе, пренесува агенцијата Франс Прес.

Тоа е најдобриот резултат од 2000 година и покажува дека растот на вработеноста напредува многу побрзо отколку што очекуваа луѓето, изјави економистот од УБС, Џорџ Теренеу.

Заводот наведува дека стапката на невработеност во февруари мирувала на 5,4 проценти, колку што изнесувала и во јануари, во споредба со предвидувањата дека ќе се зголеми на 5,5 проценти. Денешните резултати доѓаат за само девет дена откако централната банка на Австралија ја задржа клучната каматна стапка на рекордно минимално ниво од три проценти.

Австралискиот долар, по објавувањето на податоците, зајакна на 1,0367 според американскиот, во споредба со претходните 1,0307.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП