21 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРусија одби да ѝ ги прости долговите на Украина

Русија одби да ѝ ги прости долговите на Украина

Sergei+Storchak+G20+Leaders+Meet+St+Petersburg+4caETyyo0E1l

Русија нема да учествува во реструктуирањето на долгот на Украина, соопшти заменик министерот за финансии Сергеј Сторчак, пренесе РИА Новости.

„Не, нема да учествуваме во должничката операција“, рече Сторчак, потенцирајќи дека во јуни Москва очекува Киев да исплати уште една транша.

Русија е еден од сопствениците на еврооблигации на Киев. Во јуни 2014 година, Украина исплати 73,3 милиони долари, а во декември дополнителни 75,5 милиони.

И Комитетот на приватни кредитори на Украина, кој обединува сопственици на хартии од вредност во вкупен износ од 10 милијарди долари, исто така одби да го поништи долгот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП