24 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМакедонски земјоделци на саем во Турција

Македонски земјоделци на саем во Турција

zemjo

Група од осумдесет фармери во организација на Федерацијата на фармерите на РМ се во посета на Седмиот по ред Земјоделскиот Саем на отворено во Чанаккале, Турција.

Саемот е на отворено и ќе има практична демонстрација на земјоделска механизација на 40000 метри квадратни и новитети во областа на земјоделските сектори на покриен простор од 1500 метри квадратни.

„Целта на саемските посети е  да се разменат искуства и да се види практичната примената на новите технологии во аграрот. На ваков начин ќе се  поттикне зедничкото планирање и донесување на одлуки за усвојување и примена на напреднати земјоделски техники и технологија, што најпосле ќе доведе до подобрена продуктивност, стандардизација на производите, оптимализација на количините и зголемување на приходите“, истакнува Никола Стаменов, претседател на ФФРМ.

Тој  и заменик претседателот на ФФРМ, Mемет Синани присуствуваат на саемот во Чанаккале Турција каде што на отворено ќе се презенираат засадени површини со нови сорти на градинарски, поледелски и овошни култури.

Целта на посетата на саемот е запознавање на земјоделците од РМ со новите технологии на производство со цел намалување на трошоците и зголемување на продуктивноста, како и размена на искуства со турските фармери и институции од областа на земјоделството.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП