2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕБОР: Македонската економија со најбрза стапка на раст во регионот

ЕБОР: Македонската економија со најбрза стапка на раст во регионот

ebrd 24

Македонската економија продолжува да расте со најбрза стапка во регионот на Западен Балкан, се наведува во најновите економски прогнози што денеска ги објави европската банка за обнова и развој (ЕБОР).

ЕБОР предвидува оваа година македонскиот БДП да се зголеми за 3,5 проценти и дополнителни 3,7 проценти во 2016-та година.

Ризиците од намален раст главно произлегуваат од внатрешните политички несогласувања, се укажува во соопштението на ЕБОР.

Економските прогнози на ЕБОР за југо-источна Европа даваат знаци на заздравување. Перспективите на економиите во југо-источна Европа (ЈИЕ) се подобруваат, како последица на монетарните олеснувања во еврозоната, послабото евро, пониските цени на стоките за широка потрошувачка и сѐ поголемата важност на националните политики,

По тешката 2014-та година, извештајот прогнозира зголемување на порастот во ЈИЕ до 2,3 проценти во 2015-та година, а потоа до 2,8 проценти во 2016-та година. Меѓутоа, високите износи на нефункционални заеми (НФЗ) и несигурностите во однос на Грција, претставуваат значителен ризик за земјите во регионот.

Квантитативните олеснувања од страна на Европската централна банка овозможија полесни монетарни услови во земјите со блиски економски врски со еврозоната. Меѓутоа, перспективите на еврозоната може да бидат влошени поради нестабилноста поврзана со Грција.

За останатите држави од регионот, ЕБОР на Албанија и на БиХ им предвидува раст од 2,5 отсто во оваа и 3,0 отсто во наредната година.

За Црна Гора се очекува раст од 3,5 отсто во 2015-та година и зголемување на растот од 3,7 отсто во следната година.

Србија се очекува да има скромно заздраување од 0,3 отсто по минатогодишната рецесија, а во 2016-та година да оствари раст од 1,8  отсто.

За Косово се предвидува раст од 2,5 отсто во оваа и 3,5 отсто во 2016-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП