20 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗХибридите ќе владеат со светот

Хибридите ќе владеат со светот

A Toyota concept car called the "Hybrid I", which uses a hybrid engine and drive-by-wire technology is seen at the British International Motorshow in London's Excel centre

Во следните 27 години пазарот на нови автомобили во целиот свет ќе претрпи сериозни промени.

Од една страна, се очекува бројот на автомобилите на целата планета двојно да се зголеми од сегашните 800 милиони возила на 1.6 милијарди. Една од причините за ова е зголемената побарувачка на автомобили во земјите во развој, но и зголемувањето на населението на Земјата кога во 2040-та година се очекува да достигне 9 милијарди.

Освен тоа, традиционалните дизел и бензински ќе бидат заменети со модерните и еколошки хибридни и електрични возила. До овие резултати дојде американската нафтена компанија „ExxonMobil“ која вршеше истражување за развојот на транспортот и автомобилскиот пазар во периодот до 2040-та година.

Во наредните 10 до 12 години интересот за автомобилите со дизел мотори ќе продолжи да расте и до 2025 година, а од нив ќе зависи и 70 проценти од растот на продажбата. Но, потоа традиционалните возила на кои светот е навикнат со децении, ќе почнат поголемиот дел од пазарот да го отстапат на иновациите, модерните и еколошки хибриди, како и на автомобилите со електричен погон.

Па од 2040-та година повеќе од половина од пазарот на нови автомобили во светот ќе му припадне на хибридните возила. Кон нив, сепак, ќе треба да се додат и уште 10 проценти од продажбата на електричните возила.

Најсериозното зголемување на продажбата на еколошки автомобили се очекува по 2025-та година, како и меѓу 2030-та и 2040-та година кога се очекува нивниот број да се зголеми околу 2.5 пати. Истражувањето покажа изненадувачки резултати за автомобилите кои користат природен гас. Па според анализата на „ExxonMobil“ нивниот број во следните 27 години значително ќе се намали и во 2040-та година колите на метан ќе бидат не повеќе од 40 проценти од сега или околу 200-250 илјади возила.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП