26 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПолека но сигурно - Романија расте

Полека но сигурно – Романија расте

romanija1

Бруто домашниот производ на Романија во првиот квартал од 2015 година порасна за 1,6 проценти во однос на претходниот квартал, а во однос на истиот период минатата година за 4,2 проценти.

Романскиот премиер Виктор Понта минатата недела изјави дека владата предвидува раст на БДП во 2015 година меѓу 2,8 и 3,1 проценти.

Владата смета дека намалувањето на данокот на додадена вредност (ДДВ) на прехрамбените производи, од актуелните 24 на 9 проценти, започнувајќи од прци јуни, ќе ја поттикнат потрошувачката, пренеусва АФП.

Новите даночни мерки кои исто така предвидуваат намалување на ДДВ-то на сервисните услуги и непрехрамбената стока од сегашните 24 на 20 проценти започнувајќи од јануари 2016 година, ладно ги примија претставниците на ММФ и Европската унија чија заедничка мисија во Букурешт се очекува во текот на наредната недела.

Економскиот раст на Романија во 2014 година, достигна 2,8 проценти, а БДП изнеусвал околу 150 милијарди евра.

Една од најсиромашните земји на ЕК, која сеуште не е членка на еврозоната, Романија, бележи економски раст од 2012 година.

Во 2013 година беше забележан убедлив раст на БДП од 3,4 проценти.

Земјата излезе од рецесија благодарение на итната позајмица од 20 милијарди евра која во 2009 година и ја доделија меѓународните кредитори, но и благодарение на преземените мерки, меѓу кои важна беше одлуката за намалување на платите и пензиите.

Романија во 2013 година склучи нов договор за двегодишен кредит од четири милијарди евра, додека властите за возврат се обврзаа дека ќе ги спроведат реформите кои ги бараат меѓународните институции.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП