4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААктуелната состојба може негативно да влијае врз туризмот

Актуелната состојба може негативно да влијае врз туризмот

turisti-mak-sko

Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот поради промената во состојбите кои влијаат на туризмот и откажување на резервациите во текот на последните неколку дена од повеќе странски партнери, ќе биде свикана вонредна седница на Советот на АППТРМ.

Директорот на АППТ, Кристијан Џамбазовски информира дека Советот се свикува со цел да се превземат мерки и активности за надминување на актуелната ситуација.

„Очекуваме заедно со туристичкото стопанство да излеземе со став и предлози како би се ублажиле  негативните резултати од актуелната ситуација. Истовремено се соочуваме со ситуација во која различни медиуми домашни и странски излегуваат со своја интерпретација на настаните, со што се предизвикува несигурност кај странските партнери и откажување на оганизираните патувања кон Македонија од сите странски држави“ изјави Џамбазовски.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП