2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВнимателност на Волстртит, индексите стагнираа

Внимателност на Волстртит, индексите стагнираа

Wall-Street22

Берзанските индекси на Волстрит остана речиси непроменети бидејќи макроекономските податоци укажуваат на бавен раст на американската економија, додека сезоната на објава на деловни резултати на компаниите е при крај.

Dow Jones ослабна 7 поени или 0,04, на 18.060 поени, додека S&P 500 падна 0,03 отсто, на 2.098 поени, додека Nasdaq зајакна 0,11 отсто на 4.981 поен.

На самиот почеток од вчерашното тргување берзанските индекси пораснаа, по дводневниот пад, но ентузијазмот на инвеститорите набрзо спласна бидејќи новите макроекономски податоци укажуваат на бавно закрепнување на американската економија по стагнацијата во првото тромесечје.

Прометот во трговијата на мало остана во април непроменет во однос на претходниот месец, додека аналитичарите очекуваа раст од 0,2 отсто.

„Сезоната на објава на квартали деловни резултати на компаниите е при крај, а фокусот на инвеститорите се насочува кон макроекономските показатели, кои не се сјајни, па спласнаа надежите дека во вториот квартал економијата брзо ќе закрепне по стагнацијата во првиот. Се чини дека инвеститорите се воздржани додека чекаат како ќе се развие состојбата на пазарот“, вели Ендрју Франкел, потпретседател во компанијата Stuart Frankel & Co.

Најголем добитник вчера беше технолошкиот сектор, со раст на цените за 0,5 отсто, додека најмногу за 1,1 отсто, падна услужниот сектор.

Солидниот обем на тргување, и покрај неповолниот амбиент, аналитичарите го припишуваат на прилагодувањето на позициите на инвеститорите на самиот крај на сезоната на објава на квартални деловни резултати на компаниите.

„Забележувам здрава активност на инвеститорите во прилагодувањето на нивните позиции откако повеќето компании ги објавија финансиските резултати. Акциите се купуваат и продаваат без претерани ценовни осцилации“, вели Брајан Фенске, директор во компанијата ITG.

Позитивно на берзите влијае уверувањето на инвеститорите дека американската централна банка нема да ги зголеми клучните каматни стапки пред септември бидејќи растот е забавен растот на најголемата светска.

На повеќето европски берзи цените на акциите вчера паднаа. Франкфуртски DAX се намали за 1,05 отсто, на 11.351 поен, париски CAC за 0,26 отсто, на 4.961 поен, а лондонски FTSE, пак, зајакна за 0,23 отсто, на 6.949 поени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП