23 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗНајмоќниот Golf GTI влегува во сериско производство

Најмоќниот Golf GTI влегува во сериско производство

sport gti

Подготвениот модел за учество на фестивалот „Volkswagen Worthersee“ – „Volkswagen Golf GTI Clubsport“, ќе се појави и во сериско производство во 2016-та година, соопштија од германската компанија.

Ова ќе биде најмоќната модификација на „Golf GTI“, кој догодина ќе ја прослави својата 40-годишнина.

sport gti1

Јубилејниот модел ќе добие 2,0-литарски турбомотор кој развива моќност од 265 КС. Тоа е за 35 КС повеќе од стандардниот „Golf GTI“, но истовремено е со помалку од 35 КС од модификацијата „Golf R“.

Возилото е опремено со електронска имитација на диференцијалот „XDS“ и со 6-брзински автоматски „DSG“ менувач. Се очекува сериската верзија да се нуди и со мануелен менувач.

На изглед, автомобилот ќе се разликува по променетиот преден браник, праговите, спојлерите и посебно конструираниот заден дифузор за овој автомобил. „Volkswagen Golf GTI Clubsport“ ќе се нуди во посебна бела боја и со црн покрив.

sport gti2

Сериската опција ќе добие 18-инчни тркала, додека кај концептот се употребени 19-инчни.

На фестивалот „Worthersee“ ќе дебитира и посебна варијанта на „Golf GTI“, подготвена од 13 практиканти во компанијата „Volkswagen“. За машината се знае дека освен промени во изгледот добила и голем број технички доработки.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП