10 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПрв квартален економски раст за Кипар по четири години

Прв квартален економски раст за Кипар по четири години

kipar8

Кипарската економија порасна во првите три месеци од оваа година, заклучно со март, за прв пат во последните четири години и тоа за 1,6 проценти на годишно ниво, покажаа вчера официјалните податоци во Никозија.

Оваа земја која беше погодена од рецесија во 14 последователни месеци забележа економски пад пред првиот овогодишен квартал, пренесува агенцијата Франс прес.

Кипарскиот БДП порасна за прв пат од вториот квартал во 2011 година, а економијата во минатогодишниот квартал потонала за 0,4 проценти.

Претходно овој месец Европската комисија (ЕК) прогнозираше дека кипарскиот БДП во 2015 година ќе падне за 0,5 проценти, за во 2016 година да порасне за 1,4 проценти.

Тројката меѓународни кредитори, ЕК, Европската централна банка и ММФ му одобрија на Кипар помош односно кредит од 10 милијарди евра во март 2013 година со цел спречување на колапсот во банкарскиот сектор. Во замена за таа меѓународна финансиска помош, Кипар се согласи со мерките за строго буџетско штедење.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП