21 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПрстен со кашмирски сафир продаден за 7,3 млн долари

Прстен со кашмирски сафир продаден за 7,3 млн долари

kashmirski

Прстен со кашмирски сафир од 35 карати е продаден на наддавање за 7,3 милиони долари, објави во четвртокот аукциската куќа Christie’s.

Секој карат од продадениот прстен со сафир го чинело анонимниот купувач од Азија по 209.689 долари, што претставува рекордна сума во светот, за ваков вид скапоценост.

Споменатиот златен прстен со кашмирски сафир, исто така, е инкрустриран со брилијанти. Сафирот е во облик на перница и трократно се разгранува. Сафирот има изразена кадифена боја, којашто аукциската куќа во најавата на наддавањето ја опиша како споредлива со бојата на пердувите на вратот кај паун.

Кашмирските сафири се ценат повеќе од другите поради длабоко сината и кадифена боја со виолетова нијанса. Депозитите од нив се откриени во северозападниот дел на Хималаите во 1881 година, а поради големата експлоатација тамошните рудници се исцрпени во 1930-те години.

На истата аукција еден од поважните експонати бил и прстен со правоаголниот розов дијамант од 5,18 карати, опкружен со бели дијаманти, продаден на анонимен купувач за 10,7 милиони долари.

Купувач не нашол големиот брош наречен „Maria Christina Royal“. Тој е направен како подарок на шпанскиот крал Алфонсо XII на неговата жена херцегињата Марија Кристина од Австрија, за нивната венчавка во ноември 1879 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП