Сообраќајот на сите патишта низ Македонија се одвива по суви коловози.
Од Авто-мото сојузот на Македонија на возачите им препорачуваат влимателно возење и да ја прилагодуваат брзината на движење на условите на патот, кко и да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација.
Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево, Виница – Берово каде е можна почеста појава на одрони.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.