7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНиските американски резерви ја поткрепија цената на нафтата

Ниските американски резерви ја поткрепија цената на нафтата

nafta 02

Цените на барел сирова нафтата ги надминаа во средата на меѓународните пазари нивото од 67 долари за парел, откако новите податоци од САД покажаа пад на тамошните резерви на нафта втора седмици по ред, навестувајќи урамнотежување на најголемиот пазар на нафта на светот.

На лондонскиот пазар цените барел нафта скокнаа за 35 центи во однос на затворањето на тргувањето во вторникот, на 67,21 долар. На американскиот пазар, пак, со барел се тргуваше по 50 центи повисока цена од вторникот, од 61,25. Одвоено, Организацијата на земјите извознички на нафта (OPEC), објави дека цената на барел од нејзината референтна кошница нафти во вторникот изнесувала 62,49 долари, што значи дека пораснала за 46 центи во однос на претходниот трговски ден.

Во вторникот цените на барелот на американскиот пазар скокнаа за 2,5 отсто, а на лондонскиот за 3 отсто, поткрепени од сланиот долари и тензиите на Блискиот исток. Во средата, пак, нагорниот тренд на цените беше поддржан од извештајот на Американскиот институт за нафта (API), коешто покажа пад на резервите на сировата нафта, на бензините и дериватите во изминатата седмица, втора седмица по ред, со што запре повеќемесечниот период на нивниот раст, а со тоа и редењето рекорди во ставката за вкупно ниво на резервите.

Тие податоци ја потиснаа во втор план оцената на Меѓународната агенција за енергија (IEA) за неповрзаните пазарни фундаменти, имајќи го предвид продолжениот силен раст на снабдувањето и покрај само скромното зголемување на побарувачката. „И покрај сигналите од САД коишто начелно сугерираат раст на цените и ако се изземат евентуалните пореметувања во другите делови на светот, краткорочните пазари фундаменти и натаму изгледаат неповрзани“, се наведува во редовниот месечeн извештај на IAE.

И во IEA, како и многу други аналитичари, сметаат дека снабдувањето се зголемува поради рекордното производство на членките на OPEC, коишто со тоа се обидуваат да го одбраната својот пазарен удел. Агенцијата воедно ги симна проценти на побарувачката на нафтата на OPEC во 2015 година за 300.000 барели дневно, а ја зголеми прогнозата за производството во земјите надвор од OPEC за 200.000 барели нафта дневно. Глобалното производство на нафта во моментот ја надминува побарувачката од два милиона барели дневно, или повеќе од 2 отсто, истакнува Reuters.

Цената на нафтата во средата ги поддржува и благиот пад на американскиот долар во однос на кошницата од шесте светски валути на земјите најголеми трговски партнери на САД, имајќи предвид дека со тоа цените на стоките чиишто цени се изразени во американската валута стануваат подостапни за имателите на другите валути.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП