ЕКОНОМИЈА

Грција повторно влезе во рецесија

grcija 35

Грција повторно влезе во рецесија по првото тромесечје на 2015 година, со пад на бруто домашниот производ од 0,2%, јави AFP, повикувајќи се на првите извештаи на грчката статистичка служба.

Во последното тромесечје на 2014 година грчката економија забележа намалување од 0,4% во однос со претходните три месеца.

На годишно ниво, во првото тромесечје БДП на земјата се покачил за 0,3%.