22 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАКомпанијата AEG Industrial Engineering Aktiengesellschaft сака да инвестира во Македонија

Компанијата AEG Industrial Engineering Aktiengesellschaft сака да инвестира во Македонија

aeg

Германската компанија AEG Industrial Engineering Aktiengesellschaft ги разгледува можностите да инвестира во енергетските проекти во Република Македонија.

По тој повод, владина делегација предводена од вицепремиерот задолжен за економски прашања, Владимир Пешевски, оствари работна средба со делегација од AEG Industrial Engineering Aktiengesellschaft од Сојузна Република Германија, предводена од извршниот директор Хајнрих Отерпол.

Причина за средбата е одлуката на AEG Industrial Engineering Aktiengesellschaft, донесена пред три недели, за влез на македонскиот пазар и за основање на претставништво во Република Македонија.

Вицепремиерот Пешевски ги запозна членовите на делегацијата  со реформите кои Република Македонија ги спроведува во сферата на деловната клима, бизнис опкружувањето и даночната политика, како и со стратешките енергетски инвестициски проекти во државата. Вицепремиерот Пешевски истакна дека за Република Македонија е од особено значење што една компанија од толкави размери, со 128 годишна успешна историја во работењето, ќе биде присутна на македонскиот пазар и што пројавува интерес да инвестира во Република Македонија, со што ќе придонесе за развојот на македонската економија.

Извршниот директор на компанијата Отелул изјави дека Република Македонија, како земја која е во срцето на Балканот, ја гледа како главен енергетски центар за регионот. Тој дополни дека е многу задоволен со можностите за инвестирање во Република Македонија и токму поради тоа компанијата ги разгледува можностите да инвестира во енергетските проекти во Република Македонија.

AEG Industrial Engineering Aktiengesellschaft е компанија специјализирана за производство на извори за електрична енергија, компоненти за енергетско управување, контрола и дистрибуција на електрична енергија, како и за производство на други механички и електронски апарати и делови за автомобилскиот, железничкиот и бродскиот транспорт.

Оваа компанија е дел од групацијата  AEG (Allgemeine Elektrizitäts-Gesellschaft ), која започна со работа во 1887 година во Берлин и се смета дека таму се поставени темелите на индустрискиот дизајн. Оваа групација во 2004 година е инкорпорирана во групацијата Електролукс.

Компанијата е во повеќедневна посета во Република Македонија и за време на престојот остварени се и повеќе други средби со претставници од државни претпријатија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП